Бостон ја совлада Филаделфија со 85-75 и со севкупни 4-3 се пласираше во финалето од Источната конференција, каде ги чека Мајами.

Ражон Рондо одговори на предизвикот постигнувајќи го вториот “трипл-дабл“ во плејофот. “Плејот“ мечот го заврши 18 поени, 10 скока и 10 асситенции. Помошта пристигна од Кевин Гарнет кој уфрли 18 коша, а имаше и 13 скока.

Видео : Бостон – Филаделфија 85-75