Актуелниот бранител на трофејот Лос Анџелес Лејкерс претрпе пораз и во четвртиот натпревар во плеј оф серијата и со чисти 4-0 е елиминиран во полуфиналето.


Тимот на Далас немаше милост за шампионите победувајќи со 122 -86. Џејсон Тери (32 п) постигна 9 тројки, а неговите соиграчи уфрлија уште 11 за чистка во полуфиналето од западната конференција.

Противник на Далас, ќе биде подобриот од дуелот Мемфис – Оклахома (2-1 во серијата)

Видео : Далас – ЛА Лејкерс 122-86