Кошаркарите на Атланта Хоукс го претрпеа шестиот пораз во серија во НБА лигата откако беа поразени од Вашингтон 101-97.

На „јастребите“ не им помогна ниту блескавиот меч на Перо Антиќ, кој имаше „дабл дабл“ учинок од 13 поени и 12 скокови од кои 10 офанзивни.

Во тимот на Вашингтон најпрецизен беше Џон Вол со 25 поени, а во поразениот состав најефикасен беше Тиг со 19 кошеви.

По шестиот пораз во серија Атланта има скор од 31 победа и 41 пораз, а „визардси“ 38 победи и 35 порази.

Мх.П.