Екипата на Атланта Хоукс забележа нова победа во НБА лигата совладувајќи го Орландо со 95-88 пред своите гледачи.


„Јастребите“ иако беа огромни фаворити на овој дуел сепак, до победата стигнаа многу потешко од очекувањата.

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ за 13 минути на теренот постигна три поени, а имаше уште пет скокови и две асистенции.

Атланта се наоѓа на првата позиција на табелата во Истокот и воопшто во НБА лигата.

Ohridnews