Одбрани се стартните петорките за собирот на сите ѕвезди во НБА лигата, кој ќе се одржи на 16 февруари во Њу Орлеанс.
Тимот на истокот го предводи Леброн Џејмс освојувајќи најмногу гласови од фановите. Него друштво ќе му прават Пол Џорџ, Кармело Ентони, Кајри Ирвинг, Двејн Вејд.
Иако и овој пат ја доби довербата од навивачите сепак Коби Брајант го откажа учеството од „Ал старот“ со изјава дека тој со ништо не го заслужил тоа место.
Покрај кошаркарот на „езерџиите“ во петорката од западната конференција се наоѓаат Кевин Дурент, Кевин Лав, Стивен Кари и Блејк Грифин.
Мх.П.