Тренерите на НБА екипите ги одредија резервите за претстојниот „Ол Стар“ викенд, кој од 14. до 16.февруари ќе се одржува во Њу Орлеанс. Списокот го предводат Дирк Новицки, Тони Паркер и Крис Пол на Западот, односно Крис Бош, Џо Џонсон и Рој Хиберт на Истокот. Во отсуство на повредениот Коби Брајант, Новицки ќе биде најискусниот актер на „Ол Стар“ мечот, тоа ќе биде неговото 12-то учество.


Резерви на Западот покрај Новицки, Пол и Паркер, се уште и Ларакус Олдриџ, Двајт Хауард, Демијен Лилард и Џејмс Харден.

„Ол Стар“ мечот од клупата на Источната конференција ќе го започнат: Крис Бош, Рој Хиберт, Џо Џонсон, Демар Дерозан, Пол Милсап, Џон Вол и Жоакин Ноа.

Адам Силве, кој во саботата беше именуван за в.д. комесар во НБА лигата, ќе одреди кој ќе го завземе местото на Коби Брајант во почетната петорка на Западната конференција.

Во стартините петорки навивачите ги избраа: Коби Брајант (кој нема да игра), Стефон Кари, Кевин Дурент, Блејк Грифин, Кевин Лав (Западна конференција), односно Леброн Џејмс, Двејн Вејд, Пол Џорџ, Кајри Ирвинг и Кармело Ентони (Источна конференција).

Дебитанти на 63-от „Ол Стар“ меч ќе бидат Стефон Кари (Голден Стејт), Демар Дерозан (Торонто), Џон Вол (Вашингтин), Џо Џонсон (Бруклин), Џон Вол (Вашингтон), Демијен Лилард (Портланд) и соиграчот на Перо Антиќ од Атланта, Пол Милсап.

Тренер на Источната конференција ќе биде Френк Вогел од Индијана Пејсерс, додека Западната конференција ќе ја предводи стратегот на Оклахома, Скот Брукс.

 

„Макфакс“