Актуелните шампиони во НБА лигата, Далас Маверикс, се засилија со 32-годишниот играч на ЛА Лејкерс, Ламар Одом. Универзалецот, Одом, со Далас потпиша едногодишен договор според кој ќе заработи 8,9 милиони долари.
На овој начин Маверикси најдоа замена за Тејсон Чендлер кој се пресели во Њујорк и Кирон Батлер кој замина во ЛА Клиперс. Одом со ЛА Лејкерс освои две шампионски титули, во 2009 и 2010 година, во својата 12-годишна кариера во НБА лигата има просечни 14,6 поени, 8,6 скока и 4 асистенции по натпревар.
Што се однесува до трансферите во центарот на вниманието е најдобриот центар во лигата, Двајт Хауард. Изворедниот дефанзивец веќе побара од својот клуб Орландо Меџик да му дозволи да преговара со други екипи, затоа екипата од Флорида го овласти неговиот менаџер да преговара со Њу Џерси Нетс, ЛА Лејкерс и Далас Маверикс, но интерес за 26-годишниот центар покажуваат Бостон Селтикс, Чикаго Булс и ЛА Клиперс.











