Актуелните шампиони во НБА лигата, Далас Маверикс, се засилија со 32-годишниот играч на ЛА Лејкерс, Ламар Одом. Универзалецот, Одом, со Далас потпиша едногодишен договор според кој ќе заработи 8,9 милиони долари.

На овој начин Маверикси најдоа замена за Тејсон Чендлер кој се пресели во Њујорк и Кирон Батлер кој замина во ЛА Клиперс. Одом со ЛА Лејкерс освои две шампионски титули, во 2009 и 2010 година, во својата 12-годишна кариера во НБА лигата има просечни 14,6 поени, 8,6 скока и 4 асистенции по натпревар.

Покрај овој трансфер во НБА лигата се случија уште неколку интересни работи: Џереми Парго го напушти Макаби и потпиша договор со Мемфис Гризлис, додека легендата на Детроит Пистонс, Ричард Рип Хамилтон е блиску до потпишување на двегодишен договор, вреден 10 милиони долари, со Чикаго Булс.

Каде ќе заврши Хауард?
Што се однесува до трансферите во центарот на вниманието е најдобриот центар во лигата, Двајт Хауард. Изворедниот дефанзивец веќе побара од својот клуб Орландо Меџик да му дозволи да преговара со други екипи, затоа екипата од Флорида го овласти неговиот менаџер да преговара со Њу Џерси Нетс, ЛА Лејкерс и Далас Маверикс, но интерес за 26-годишниот центар покажуваат Бостон Селтикс, Чикаго Булс и ЛА Клиперс.

Како одговор на ова генералниот менаџер на Орландо Меџик, Отис Смит изјави дека клубот сака на Хауард да му понуди доживотен договор.

Ohridnews