Српскиот кошаркар Никола Јокиќ и Словенецот Лука Дончиќ ќе бидат дел од стартната петорка во западот, за претстојниот собир на сите ѕвезди во НБА лигата, кој ќе се одржи на 7 март во Атланта.

Јокиќ маестралната сезона ќе ја круниса со прв старт на „Ол Старот“, додека Дончиќ втор пат ќе биде стартер на спектаклот во НБА лигата.

Друштво на Јокиќ и Дончиќ во првата петорка ќе им прават капитенот Леброн Џејмс кој по 17-ти пат ќе биде на „Ол старот“, Стеф Кари и Каваи Ленард. Во тимот од истокот капитен е Кевин Дурант, а дел ќе бидат уште Џанис Антетокунмпо, Бредли Бил, Џоел Ембид и Кајри Ирвинг.

Капитените Џејмс и Дурант на неколку дена пред „Ол старот“ ќе ги одберат резервните кошаркари, кои ќе го комплетираат ростерот.

OhridNews