Оклахома го совлаа Сан Антонио со 108-103 во петтиот меч од финалната серија во западната конференеција. “Громовите“ имаат 3-2 предност и наредниот натпревар го играат на домашен терен. Победа над најдобриот тим во лигата ги носи во финалето од шампионатот.


Триото кошаркари во составот на “сините“ Дурант 27, Вестбрук 23 и Харден 20, успеа да ги неутрализира 34 поени на Џинобили.

По предноста од 2-0, ова беше трет пораз во серија за “мамузите“ кои се на чекор до елиминација и повторување на сезоната 2004 кога до полуфиналето стигнаа без пораз, а таму беа елиминирани од “лејкерси“.

Видео : Сан Антонио – Оклахома 103-108