Еден од главните фаворити за освојувањето на титулата во НБА лигата, Оклахома е пред елиминација откако во петтиот натпревар претрпе пораз од Мемфис 100-99.
„Гризлите“ стигнаа до третиот триумф и само уште една победа ги дели од сензационален пласман во следната рунда.
Вашингтон е втората екипа после Мајами која се пласираше во втората рунда од плејофот. На кошаркарите од главниот град им беа доволни пет натпревари (4-1) да го решат Чикаго Булс, кој повторно разочара сезонава.
До третиот триумф стигна и Лос Анџелес Клиперс победувајќи го тимот на Голден Стејт со 113-103 и стави точка на тешкиот период после суспендирањето на нивниот сопственик.
Резултати : Мемфис – Оклахома 100-99 (3-2), Вашингтон – Чикаго 75-69 (4-1), ЛА Клиперс – Голден Стејт 113-103 (3-2).
Мх.П.