Македонскиот интернационалец Перо Антиќ постигна осум поени во победата на неговата екипа Атланта над Милвоки 102-97.

Покрај осумте поени, Антиќ, кој го стартуваше мечот имаше учинок од седум скокови и една аситенција за 25 минути минати на паркетот.

Најпрецизен во составот на „јастребите“ со 22 кошеви беше Тига додека 17 постигна Милсап, а по 15 Корвер и Керол.

Со оваа победа екипата на Атланта стигна до скор 28 победи и 35 порази што ги сместува на осмата позиција во источната конференција.

Мх.П.