Екипата на Кливленд го совлада Орландо 104:96 во седмиот, одлучувачки натпревар од плеј-оф серијата на истокот, со што обезбеди конференциско полуфинале во разигрувањето за титулата во најсилната кошаркарска лига во светот.

Донован Мичел кај победничкиот тим уфрли 39 поени, еден помалку на спротивната страна имаше Паоло Бончеро.

Кливленд во полуфиналето ќе се сретне со Бостон кој беше најдобар во регуларниот дел во Источната конференција.

Вечерва се играат два натпревари. Во источната конференција Њујорк и Индијана ќе го одиграат првиот натпревар од серијата подобар до 4, додека Минесота има водство од 1:0 над актуелниот шампион Денвер и е домаќин на вториот натпревар од полуфиналната серија на западот.

Г.М.