Најтрофејниот тим во НБА, Бостон Селтикс поведе во серијата со Атланта со 2-1. “Детелините“ на домашен терен по продолженијата славеа со 90-84.


Враќањето на Рондо во екипата на Селтикси, ги размрда останатите соиграчи. Плејот на “зелените“ имаше “трипл-дабл“ учинок  (17 поени, 14 скока и 12 асистенции). Пол Пирс постигна 21 поен додека Гарнет еден помалку 20. Во таборот на “црвените“ Џо Џонсо уфрли 29 поени, кои не беа доволни за Атлатна да избегне пораз.


Видео : Бостон – Атланта 90-84.

Мх.П.