Најдобриот тим од регуларниот дел од сезоната Чикаго доживеа елиминација од Филаделфија во првата рунда од плејофот. Во шестиот меч “76-те“ со 78-77 ги совладаа “биковите“ и со севкупни 4-2 одат во полуфиналето.


Филаделфија е само петтиот тим што успеал во првата рунда да го елиминира најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната.

Во полуфиналето Филаделфија ќе игра против Бостон.

Видео : Филаделфија – Чикаго 79-78