Најдобриот тим во регуларната сезона во НБА, Чикаго Булс е пред елиминација. Филаделфија со победа од 89-82, втора на домашен терен зголеми на 3-1. Неиграњето на Роуз кој се повреди на првиот меч и високото крило Ноа си го направи своето.


Најпрецизен во екипата на “76-те“ со 22 поени беше Хејс, Холидеј постигна 20 додека Игудала имаше “дабл дабл“ учинок 14 поени и 12 скокови. Карлос Бузер со 23 поени беше најефикасен на мечот, а додаде и 11 скокови.

Видео : Филаделфија – Чикаго 89-82.

Мх.П.