Високото крило Брендон Бас ги засени своите соиграчи на Бостон во победата над Филаделфија 101-85, постигнувајќи 27 поени. За “детелините“ ова е трета победа во серијата, а наредниот натпревар се игра кај 76-те.


Освен Бас, четири кошаркари на Бостон со двоцифрен број на поени го завршија мечот. Кевин Гарнет постигна 20, Пирс имаше скромен учинок од 16 кошеви, Рондо 13 и Стиемса 10. Во поразениот состав, најпрецизен со 19 поени беше Бренд.


Видео : Бостон Селтикс – Филаделфија 101-85.

Мх.П.