Сан Антониот Спарс ја оствари третата победа во дуелот со Лос Анџелес Клиперс 96-86. “Спарси“ само една победа ги делат од пласман во финалето до западната конференција.

Тимската игра им донесе победа на Сан Антонио, Паркер постигна 23 поени, Данкан 19, Леонард 14 и Џинобили 13. Во поразената екипа, “летечкиот“ Грифин со 28 беше најпрецизен на натпреварот.

 Видео : Сан Антонио – ЛА Клиперс 96-86.

Мх.П.