Сан Антонио Спарс втор пат славеше над Јута Џез во првата фаза од плeј офот во НБА Лигата.  “Мамузите“ лесно со 114-83 ја забележаа втората победа во серијата.

Седум кошаркари во екипата на Грег Поповиќ мечот го завршија со двоцифрен број на поени. Најпрецизен беше Тони Паркер со 18, кој додаде и девет аситенции. Очекуван “дабл дабл“ учинок имаше Тим Данкан, постигнувајќи 12 поени и 13 скокови. Кај “џезерите“ немаше расположени кошаркари за игра, Хаувард и Џеферсон постигнаа по десет кошеви.

Видео : Сан Антонио – Јута 114-83.

Мх.П.