На гостувањето во Минесота екипата на Атланта го претрпе четвртиот пораз 107-83 во серија, но она што повеќе загрижува е повредата на Перо Антиќ.

Антиќ не го продолжи мечот, а до тогаш за 15 минути минати на паркетот имаше учинок од три поени, четири скокови и една украдена топка.
Покрај негативната серија сеуште „јастребите“ се на осмата позиција која води во разигрувањето во НБА лигата.
Мх.П.











