Екипата на Портланд обезбеди пласман во следната рунда од плејофот во НБА лигата елиминирајќи го Хјустон со 4-2. Во шестиот и решавачки натпревар „трејблејзерси“ стигнаа до четвртиот триумф откако забележаа минимална победа 99-98.

Во сериите Бруклин – Торонто и Сан Антонио – Далас мајсторките ќе решаваат за пласманот во следната рунда.

Резултати : Портланд – Хјустон 99-98 (4-2), Бруклин – Торонто 97-83 (3-3), Далас – Сан Антони 113-111 (3-3).

 

Мх.П.