Леброн Џејмс, Двејн Вејд, Ражон Рондо, Кевин Гарнет и Кармело Ентони од источната, Коби Брајант, Двајт Хаувард, Крис Пол, Блејк Грифин и Кевин Дјурант од западната страна ќе се судрат на “Ал стар“ викендот во Хјустон.

Со повеќе од милион и песто илјади гласови кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант победи во гласањето. Асот на “езериите“ во резултатите според гласовите од фановите ги победи “кралот“ Леброн и Кармело Ентони.

“Ал стар“ викендов на програмата е од 15 до 17 февруари во Хјустон.

Мх.П.