Познати се стартните петорки на Источната и Западната конференција, кои ќе го започнат 61-от „Ол стар“ натпревар, чии домаќин годинава е Орландо. Домашната звезда, Двајт Хауард, доби 1,6 милиони гласови од фановите и тој ја предводи петорката на Источната конференција.

На бековските позиции во петорката се Дерик Роуз (Чикаго Булс) и Двејн Вејд (Мајами Хит), додека на крилните позиции ќе играат Леброн Џејмс (Мајами Хит) и Кармело Ентони (Њујорк Никс).

Што се однесува до петорката на Западната конференција, таму доминираат играчите кои играат за екипите од Лос Анџелес, додека стартниот состав го комплетира лидерот на Оклахома Тандерс, Кевин Дурент.

Покрај најдобриот стрелец во лигата место меѓу стартерите обезбедија Крис Пол и Блејк Грифин (ЛА Клиперс), односно Коби Брајант и Ендрју Бајнам (ЛА Лејкерс).

Натпреварот на сите звезди, во Орландо, ќе се одигра на 26. февруари.

“Макфакс“
Ohridnews