Составот на Бостон го намали водството на Мајами на 2-1 во конференциското финале на истокот победувајќи во третиот натпревар со 117-106, по четвртини (31-22, 32-28, 26-24, 28-32).

„Детелините“ до првиот триумф стигнаа со добра и сигурна игра во текот на целиот натпревар. Кошаркарите на Бостон во првата четвртина се одлепија, а во вториот и третиот период ја зголемуваше разликата. Мајами во четвртиот квартал намали, но само за да го ублажи поразот.

Тандемот на Бостон, Браун и Татум искомбинира 51 поен, а Бокер уфрли 21 поен. Кај „жешките“ најпрецизен беше Адебајо со 27 кошеви.

OhridNews