Перо Антиќ со рекордни за него 18 поени беше еден од најзаслужните во победата на Атланта над Индијана 107-88.
Покрај рекордните поени македонскиот кошаркар додаде уште шест скокови и една асистенција со шут од поле (7/8). Најпрецизен во редовите на „јастребите“ беше Џеф Тиг со 25 поени.
Се поизвесно е дека трката меѓу Атланта и Њујорк за осмата позиција која води во плеј офот ќе му припадне на „јастрабите“.
Мх.П.