Сан Антонио е првиот финалист во НБА лигата. “Мамузите“ во четвртиот натпревар го совладаа Мемфис со 93-86 и со “чисти“ 4-0 го збришаа во конференциското финале.


До клучната победа за пласман во финалето кошаркарите на Сан Антонио ги предводеше Тони Паркер, кој постигна 37 поени.


Противникот на Сан Антонио во финалето ќе биде победникот од финалето во источната конференција меѓу Мајами и Индија.

Моментално “жешките“ имаат предност до 2-1, а четвртиот натпревар се игра на теренот од пејсерси.

Мх.П.