Кошаркарите на Сан Антонио со убедлива победа 122-105 над Оклахома го отворија финалето во западната конференција.
„Мамузите“ повеќе ја посакуваа победата и го направија првиот чекор кон финалето во НБА лигата.
Минатата сезона токму преку „громовите“ пулените на Грег Поповиќ обезбедија пласман во финалето каде изгубија од Мајами Хит.
Мх.П.