Во петтите натпревари од првата рунда во плеј оф серијата во НБА лигата екипите на Сан Антонио и Торонто поведоа со 3-2, а Хјустон намали на 3-2. „Мамузите“ и „рапторисите“ за предност во серијата ги совладаа Далас 109-103 односно Бруклин 115-113. „Рекитите“ останаа сеуште во плејофот благодарание на победата 108-98 над тимот на Портланд.
Резултати : Сан Антонио – Далас 109-103 (3-2), Торонто – Бруклин 115-113 (3-2), Хјустон – Портланд 108-98 (2-3).
Мх.П.