Кошаркарите на Сан Антонио го дуплираа водството 2-0 во финалната серија на западот.


Во вториот натпревар пред своите гледачи „мамузите“ со 112-77 ја прегазија Оклахома, која одигра најслаб меч во досегашната сезона.

Тони Паркер уфрли 22 поени, Грин еден помалку, Данкан 14 кошеви, а Џинобили и Диао по 11. Вестбурк и Дурент имаа меч за заборав откако реализираа по 15 кошеви.

Мх.П.