Екипата на Сан Антонио во петтиот натпревар од финалната серија ја забележа третата победа совлададувајќи го Мајами со 114-104.


Тимската игра беше онаа што ги одведе “мамузите“ до третиот триумф во финалната серија. Три играчи на Сан Антонио постигнаа над 20 поени (Грин 24, Џинобили 24 и Паркер 26), а Данкан и Ленард уфрлија 17 односно 16 кошеви.

“Жешкото трио“ во Мајами искомбинира 66 поени, а Реј Ален беше единствена поддршка со 21, но и тоа беше премалку за победа во петтиот натпревар.


Шестиот и седмиот натпревар (доколку биде потребно) од финалната серија се играат на теренот од Мајами каде ќе се дознае новиот првак во НБА лигата.

Мх.П.