Бостон Селтикс се врати од работ на бездната откако по првите три натпревари имаше негатива од 3-0. “Детелините“ триумфираа на два натпревари во низа и намалија на 3-2, а вториот го остварија на гостински терен совладувајќи го Њујорк со 92-86.


Серијата во шестиот натпревар се преселува во Бостон, а со евентуална победа Селтикси ќе се изборат за мајсторка.

Ако најтрофејниот тим во НБА лигата успее да го сврти резултатот од 3-0 ќе биде првата екипа на која тоа му успеало.

Исечокот од натпревар меѓу Бостон и Њујорк можете да го погледнете тука.

Резултати : Ботстон – Њујорк 92-85 (2-3), Хјустон – Оклахома 107-100 (2-3), Индијана – Атланта 106 – 83 (3-2).

Мх.П.