Џон Вол триумфираше на натпреварот во забивање со спекталурна изведба во последната серија. Натпреварот не беше како порано туку кошаркарите беа поделени по конференции, а публиката го одбираше најдоброто забивање.

Во „тројкашите“ победи Марко Белинели, во вештините со топка наградата ја доби Демијан Лилард, а Крис Бош и тимот на Мајами триумфираа во погодување на шутови од далечина.

Вечерва на програмата е завршниот дел од „Ол Старот“, а тоа е дуелот меѓу ѕвездите на Истокот и Западот.

Мх.П.