Во финалната серија на западот кошаркарите на Сан Антонио поведоа со 3-2 победувајќи ја Оклахома со убедливи 117-89.


Победата е благодарение на тимската игра на „мамузите“. Само еден кошаркар не успеа да се запише во листата на стрелци, а таа ја предводеше Данкан со 22 поени.


Во шестиот натпревар избраниците на тренерто Грег Поповиќ ќе имаат меч топка за пласман во големото финале.

Мх.П.