Најдобрата екипа на западот, Јута Џез, со триумф ја отвори серијата со Лос Анџелес Клиперс, победувајќи со тесни 112-109, после голема драма и неизвесна завршница во првиот натпревар.

Двете екипи го одиграа најдобриот и најсодржајниот меч во рамките од плејофот. Дуелот изобилуваше со пресврт, а конечниот победник беше одлучен во последниот напад. „Џезерите“ благодарание на блокадата на Руди Гоберт ја одбранија предноста од три поени. Инаку, прва виолина на домашните кошаркари беше Донован Мичел кој уфрли 42 поени со неверојатна прецизност и завршница.

Во вториот меч утрово, Филаделфија, успеа да го изедначи резултатот на 1-1 во победи, совладувајќи ја Атланта со 118-102.

  • Резултати:

Филаделфија – Атланта 118-102 (1-1)

Јута – ЛА Клиперс 112-109 (1-0)

OhridNews