Канадската Влада го одби барањето на Торонто Репторс да игра кошаркарски натпревари во претстојната сезона во НБА лигата во тој град поради пандемијата на новиот коронавирус.

Таквата одлука е донесена затоа што во САД „кружи премногу вирусот Ковид-19“ за да се дозволи патување преку границата, што не е неопходно.

Според локални медиуми, постои можност во одреден момент следната година, таа одлука да биде преиспитана.

Натпреварите од сезоата 2020/2021 ќе ги играат во Тампа на Флорида, соопштија од клубот.

OhridNews