Екипата на Голден Стејт обезбеди пласман во финалето од Западната конференција елиминирајќи го тимот на Портланд во пет натпревари.


„Воините“ до клучната четврта победа во полуфинална серија стигнаа на домашен терен совладувајќи ги „трејлблејзерси“ со 125-121.

За разлика од четвртиот меч кога со екипата на Голден Стејт диригираше Стеф Кари во петтиот тоа го направи Клеј Томпсон.

Бекот постигна 33 поени четири повеќе од Кари кој пак додаде 11 асистенции и пет скокови зад неговото име.

Портланд исто така имаше расположени кошаркари за игра, но неа беа доволни за триумф. Лилард реализираше 28 кошеви, Меккалум 27, а границата од 20 поени ја мина и Граб.


Во финалето на Западот тимот на Голден Стејт ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Оклахома и Сан Антонио. Моменталниот резултат е 3-2 за „громовите“.

Резултати: Торонто – Мајами 99-91 (3-2), Голден Стејт – Портланд 125-121 (4-1).

OhridNews