Актуелниот шампион во НБА лигата, Голден Стејт се наоѓа на половина пат од финалето на Западната конференција откако и на вториот меч од серијата го совлада Портланд овој пат со 110-99.


„Воините“ и овој меч го одиграа без повредениот Стеф Кари, но покажаа дека не значат од никого во екипата и без најдобриот играч оти победуваат.

Одново предводник на домаќините беше Клеј Томпсон кој постигна 27 поени, вкупно 17 реализираше Грин, два помалку уфрли Игудала, а на 14 застана Ливингстон.

Во поразениот состав се истакнаа Лилард и МекКолум кои реализираа 25 односно 22 поени.


Следните два мечеви од полуфиналето во Западната конференција се играат на теренот од Портланд.

Резултати: Голден Стејт – Портланд 110-99 (2-0), Торонто – Мајами 96-102 (0-1).

OhridNews