Кошаркарите на Индијана со 92-80 ја совладаа Атланта во решавачкиот седми натпревар во првата рунда од плејофот во НБА лигата.
„Мајсторката“ беше кобна за македонскиот интернационалец Перо Антиќ и неговата екипа, која претходно имаше и „меч топка“, но не ја искористија.
Покрај Индијана и екипите на Оклахома и Лос Анџелес Клиперс триумфираа во седмите натпревари, а Бруклин и Торонто ќе решаваат во „мајсторка“ која ќе го даде патникот во плејофот.
Мх.П.