Актуелниот првак Мајами Хит и Њујорк Никс го искористија домашниот терен и по првите два натпревари обезбедија предност 2-0. “Жешките“ го совладаа Милвоки со 98-86 додека “никси“ славеа со 87-71.


Гостинска победа во втората рунда забележа Голден Стејт совладувајќи Денвер со 131-117. “Воините“ имаа брилијантен натпревар откако шутираа со 65% прецизност и пет кошаркари имаа над 20 поени.


Резултати : Мајами – Милвоки 98-86 (2-0), Њујорк – Бостон 87-71 (2-0), Голден Стејт – Денвер 131-117 (1-1).

Мх.П.