Кошаркарите на Мајами Хит ја забележаа третата победа во четвртиот натпревар против Индијана во финалето од источната конференција.
Победата 102-90 извојувана на домашен терен ги доближи „жешките“ до финалето во НБА лигата и борба за одбрана на трофејот.
Петтиот натпревар се игра на теренот од Индијана, а Џејмс, Вејд, Бош и дружината ја имаат првата меч топка.
Мх.П.