Мајами Хит е на чекор од пласман во финалето во НБА лигата. „Жешките“ во петтиот натпревар ја совлада Индијана со 90-79 и поведоа со 3-2 во серијата.


Целиот натпревар помина во знакот на борбена игра, а не изостанаа и технички лични грешки кога се кршеше резултатот.


Актуелниот првак уште во шестиот натпревар може да обезбеди пласман во финале, но Мајами ќе мора да слави на жешкиот терен од Индијана.

Мх.П.