Ноќеска со првите натпревари од НБА Лигата започна долго очекуваната сезона. Мајами Хит предводени од Леброн Џејмс и Двејн Вејд им одржаа лекција на бранителот на трофејот Далас Маверикс совладувајќи го со 104-95 на гостински терен. “Жешките“ ја расипаа забавата на “телењината“ на доделувањето на прстените.


Највозбудливо беше во “Стејплс Центар“, Лос Анџелес Лејкерс во последните мигови од мечот го загуби дуелот со Чикаго откако Дерик Роуз постигна кош за победа од 88-87.

Резултати:
Њујорк – Бостон 106-104, Далас – Мајами 94-105, ЛА Лејкерс – Чикаго 87-88, Голден Стејт – ЛА Клиперс 86-105

Мх.П