Со дуелот на кошаркарите во НБА лигата кои ја играат првата односна втората сезона започна „Ол старот“ во Њу Орлеанс.

За најкорисен играч беше прогласен Андре Драмонд, кој доминираше постигнувајќи 30 поени и даде уште неверојатни 25 скокови.
„Ѕвездите во подем“ на гледачите им пружија вистинска забава откако во текот на натпреварот имаа 118 забивања, 33 тројки и 14 блокади.
Доцна вечерва на програмата се натпреварите во тројки и закуцувањата, а недела кон понеделник е главното случувања односно дуелот на „ѕвездите“ во НБА лигата.
Мх.П.











