Народната банка на Македонија реагира на медиумските објави во врска со намалувањето на девизните резерви. Оттаму тврдат дека се врши редовно подмирување на долговите, што било најавено.

„Намалувањето на девизните резерви во најголем дел е резултат на раздолжувањето на Република Македонија кон меѓународните кредитори и намалување на севкупниот долг на Република Македонија, нешто што веќе беше најавено и од Министерството за финансии. Дополнително, беа вратени достасани девизни депозити на домашните деловни банки пласирани во Народната банка во периодот од мај 2016 година наваму.

Станува збор за планирани активности, при што девизните резерви остануваат на солидно високо ниво од над 2,55 милијарди евра, или 349 милиони евра повеќе од состојбата пред една година.“ – соопшти НБРМ.

OhridNews