Националната демократска преродба во вториот изборен круг, во Струга ќе го поддржи кандидатот за градоначалник на ДПА, Зијадин Села, а за поддршката во другите општини ќе преговара со ДПА, одлучило Централното претседателство на партијата на седница во вторникот,.

– Ќе ги овласти претседателствата на ограноците на НДП да водат преговори за потенцијална соработка со опозиционата албанска партија ДПА во општините, во коишто се натпреваруваат албански кандидати во втор круг и каде што советниците на НДП имаат посебна важност за формирање мнозинство во општинските совети. За политичките процеси дефинирани во двете горенаведени точки, претставниците на ограноците на НДП ќе бидат во постојан контакт со Централниот изборен штаб на НДП и неговиот претседател“, рече потпретседателот и шеф на изборниот штаб на НДП, Артан Дика.

Партијата не ја поддржува владејачката ДУИ, бидејќи, како што велат направила тешка манипулација на изборниот процес преку масовно купување на гласови од нивни претставници и двојно гласање, заканување и заплашување на албанските и други граѓани од лица коишто се на раководни и државни позиции како и од државни инспектори преку казнени мерки кон гласачите, бришење на голем број на опозициони гласачи од гласачките ливчиња.

OhridNews
Makfaks