Во 1/2 финалето, Реал Мадрид на гостувањето во Минхен го претрпе првиот пораз во овогодинешнот издание од Лигата на Шампиони, а петта “нула“ сезонава заедно со Примера, Копа Дел Реј и Купот на Шпанија.


Подобри екипи од “кралевите“ биле Барселона три пати (еднаш во Примера, Супер купот на Шпанија и Копа дел Реј), Леванте во Примера и “баварците“ во Лигата на Шампиони. Во сите тие натпревари стартер бил, левиот бек Фабио Коентрао, на кој Мурињо му давал предност пред бразилецот Марсело.


Кога бразилскиот бек Марсело бил стартер пред португалецот Коентрао “белите“ немаат претрпено пораз сезонава. Дали стратегот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо ќе му поверува на оваа статистика и за двата натпревари кои пресојат, во составот ќе го смести Марсело останува да видиме. В сабота Реал Мадирд гостува на “Ноу Камп“ во Ел Класико, а в среда го играат реванш мечот со Баерн Минхен во Лигата на Шампиони.

Мх.П.