Како резултат на се поизразеното и насекаде околу нас присутно насилство од секаков вид, а со цел поттикнување на размислување, препознавање и превенција од насилство помеѓу младите во љубовта, во насока на развивање на здрави односи помеу нив, како основа за создавање на здраво семејство, Црвен крст Охрид со поддршка на Центарот за култура “Григор Прличев”, организира интерактвина, едукативна трибина на тема “Праг на толеранција во љубовта меѓу младите”.
Трибината ќе се одржи денеска, 11 мај, во два дела. Најпрвин во 19 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе дебатираат возрасните, додека трибината за младите ќе се одржи во 21 часот во кафе барот „Немо“.
Предавачи ќе бидат психолозите Нада Поп Јорданова и Жанета Никовска – Стојковска, како и претставник од СВР Охрид, а модератор на трибината ќе биде Анета Јованоска.
Целта е преку овие трибини пораката “НЕ Е ЉУБОВ АКО ИМА НАСИЛСТВО” да допре и најде примена кај сите оние кои сакаат да љубат и бидат љубени.
Во 1944 во Охрид на денешен ден умрел Кирил Прличев, македонски патриот, македонски револуционер, публицист, журналист, идеолог и интелекуалец, син на Григор Прличев Учесник бил во Илинденското вос...
Променливо облачно, претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините на северозапад врнежи од снег Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардариет...
Гостите во „Ночолино“ лаунџ бар и џелатерија во Охрид мол, синоќа уживаа со музиката на групата „Сарај“ Љубителите на добрата забава од сите генерации во весела атмосфера заедно ги пееја прекраснит...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.