Управата на Барселона ги продолжи договорите со Лионел Меси, Карлес Пујол и Чави Хернандес и го задржа костурот на екипата. Но за да не биде се така розово во составот на Барселона се погрижија бразилецот Дани Алвеш и Давид Виља кои најавија заминување од составот на “Барса“.

Нетрпението помеѓу првата виолина Меси и Давид Виља е видливо на теренот. Тренерот на Барселона, Виланова се почесто го остава на клупата Виља за да може Меси да царува во нападот. Истото се случува и со бразилскиот дефанзивец Дани Алвеш, кој поретко добива шанса пред Адријано.

За услугите на двоецот од Барселона, Давид Виља и Дани Алвеш заинтересирани се Манчестер Сити, Јувентус и Челси.

Мх.П.