На Граничниот премин Ќафасан, вчера, на влез во Македонија, при извршена проверка на патничко моторно возило „Нисан“ со грчки национални ознаки управувано од 41-годишно лице од Албанија,  констатирано било дека истиот не поседувал зелен картон за возилото и истото било технички неисправно.

Според тоа, не ги исполнувал условите за влез во Македонија. По укажување од страна на полициските службеници дека не ги исполнува условите за влез во Македонија, истиот почнал да ги омаловажува и агресивно да се однесува кон полициските службеници по што бил приведен во Полициската станица за Граничен премин Ќафасан. Потоа бил предаден на полициски службеници од Полициска станица Струга за понатамошна постапка.

OhridNews