Топлотниот бран кој ја зафати земјава донесе и високи минимални температури. Според нмерењата на Управата за хидрометеоролошки работи утрово во 6 часот во Охрид биле измерени 17.3 степени Целзиусови. Уште потопло ќе биде во текот на денот кога се очекува живата во термометрите да се искачи до 35-от степен.
Охрид денеска во портокалова алертна фаза
Периодот на претежно сончево и многу топло време ќе продолжи и во наредните денови. Во поголем дел од земјава максималната температура ќе достигнува над 35, а на места вдолж Повардарието ќе надмине и 40 степени. УВ индексот ќе биде многу висок со вредност 9, информира УХМР Македонија.
OhridNews












